www.utrinski.com.mk
29 мај 2017 15:24
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
16.02.2017, 17:35

Ахмети и Села подготвуваат закон за албанскиот јазик

Законскиот предлог би требало да содржи конкретни решенија за проширена употреба на албанскиот јазик во институциите, особено во Владата

Татјана Поповска



Наместо со конкретни забелешки на понудата на СДСМ за употребата на албанскиот јазик или пак потписи за добивање мандат, ДУИ и Алијансата за Албанците ќе подготват нивен предлог за албанскиот јазик, кој ќе го достават до СДСМ и кој ќе биде услов за евентуално формирање ново владино мнозинство. Ова вчера го најави лидерот на ДУИ Али Ахмети, по одбележувањето на годишнината од почетокот на конфликтот во 2001 година.

Иако првично токму Ахмети побара гаранции од СДСМ и конкретна понуда за спорните прашања меѓу кои и албанскиот јазик, пред ДУИ да ги депонира потписите на пратениците за лидерот на СДСМ, Зоран Заев да го добие мандатот, сега тој вели дека нема потреба понудата за албанскиот јазик да доаѓа од СДСМ. Законскиот предлог за употреба на албанскиот јазик, кој го подготвуваат партиите на Албанците би требало да содржи конкретни решенија за проширена употреба на албанскиот јазик во институциите, особено во Владата, но и прецизирање на толкувањата на амандманот 5 од Уставот кој досега беше различно интерпретиран.

Од партијата на Заев и вчера повторија дека очекуваат од ДУИ да добијат потписи за мандат за состав на новата влада. Во однос на најавите дека партиите на Албанците најавуваат нацрт-закон за употреба на јазиците, партискиот портпарол Петре Шилегов рече дека во оваа фаза зборуваат за мандат за состав на влада, а не за содржина, за форма и вид на Владата.

„Сигурно дека партиите на Албанците имаат свој предлог и нема потреба другите партии да ни даваат понуди. Ние ќе доставиме наш предлог“, изјави вчера Ахмети на одбележувањето на 16-годишнината од конфликтот во 2001 година пред споменикот на УЧК во Чаир. Ваквиот потег следува по информациите во јавноста дека дел од раководството на ДУИ не е задоволно со предлогот што стигнал од СДСМ за регулирање на употребата на албанскиот јазик.

Ахмети појасни дека во тој контекст била и неговата средба со претседателот на ДР-ДПА, Зијадин Села, како претставник на Албанците. Ахмети најави дека законскиот предлог за регулирање на употребата на албанскиот јазик ќе биде заеднички меѓу трите парламентарни партии ДУИ, Беса и Алијанса за Албанците.

„Со господинот Села се сретнавме и се разбира дека разменуваме идеи. Што се однесува до господинот Билал Касами (претседател на Беса н.з.) очекувам од Села наредните денови или до крајот на неделата да свика состанок на кој би присуствувале сите политички партии. И мислам дека господинот Билал Касами ќе одговори позитивно на оваа покана“, изјави Ахмети.

Ваквиот став во последното интервју за телевизијата Алсат-М го најави и Села, кој нагласи дека нема зошто македонски партии да подготвуваат законско решение за албанскиот јазик. За него единствено прифатливо решение е ако во одредени државни институции, како на пример на министрите во Владата им се овозможи да зборуваат на албански јазик, но и материјалите од седниците да бидат преведувани.

„Уставот многу јасно во петтиот амандман, во вториот став вели: јазикот кој го зборуваат 20 проценти од населението исто така е службен јазик. И писмото исто така е службено. Ако во Собранието се дозволува зборувањето на албански јазик, а нема превод на материјалите, тогаш тоа е прекршување на Уставот. За нашите прашања, за нашиот јазик нема да чекаме со предлог да дојде Заев или Груевски, туку тоа ќе го направиме самите и ќе условуваме тие да го поддржат“, изјави Села.

Сепак неизвесно е дали планот на Ахмети и на Села ќе добие поддршка од третата парламентарна партија на Албанците - Беса. Партискиот портпарол Орхан Муртезани вчера информираше дека не добиле покана од Села за средба, но и ако добијат на неа нема да присуствуваат.

„Досега немаме добиено никаква покана. Сметаме дека нема потреба за средба, особено не во овој период. Ние ја поддржавме заедничката Декларација на албанските партии и стоиме зад неа. Не гледаме причина за таква средба“, вели Муртезани.

За разлика од ДУИ, која давањето на пратеничките потписи за добивање мандат го условува со претходен договор за конкретни прашања, вклучувајќи го и албанскиот јазик, Беса и Алијансата за Албанците се подготвени да дадат поддршка за добивање на мандат, па потоа да преговараат за формирање влада.

И вчера Ахмети не можеше да прецизира дали и кога ДУИ ќе донесе одлука. Според неофицијални информации се очекува деновиве да се одржи седницата на партиското Централно претседателство, но неизвесно е дали на тој состанок воопшто ќе се донесе некаква одлука или процесот повторно ќе се одолжува.

„Не сакам да шпекулирам со времето кога сите работи се анализираат, мислам дека во иднина ќе има резултат или конкретен одговор. Се прават сите анализи внатре во партијата. Ве уверувам дека тоа не содржи атомска бомба и за сите детали ќе бидете информирани. Се работи за конкретни прашања за албанските интереси и ние правиме и натаму анализа. Мислам дека секоја убрзана реакција и убрзан одговор ќе има фатални последици. ДУИ не беше субјект којшто ги предизвикуваше проблемите во земјава, туку ги решаваше. Поради тоа што ние разговараме и со другите политички партии во држава, ние треба да имаме заедничко мислење и со другите политички партии и да добиеме добро и здраво решение“, додаде Ахмети.

Првиот човек на ДУИ вчера не сакаше да ги коментира јавните кавги и несогласувања на партиските функционери кои се поделени во две крила, едното поблиско до СДСМ, другото до ВМРО-ДПМНЕ.

„ДУИ е демократска партија, а не автократска. Во ДУИ има отворена дебата и сите се слободни да ги искажат своите лични мислења“, додаде Ахмети.

Статијата е прочитана 2543 пати.


Испрати коментар
Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ под хипотека
Затаи македонската дипломатија во ЕП
Милошоски
Актерот Јовановски ги избриша пораките со воинствена реторика, но ги разгоре полемиките
Жбогар - Да не се драматизира, оптимист сум дека ќе се формира влада
гатачката и хороскопот, 17.02.2017 00:52:05
ахмети ја претера со овие негови анализи финти за на пазар мислев дека само тачи е онај кој промовира одеи од 19 век ама еве се јавија и неговиот ученик и другиот неговиот соработник на дуи после избори му предвидувам распад а ахмети ќе исчезни другиот села нема да биди поарен дури има вакви како вас со идеи од 19 век ни албанците ќе мрднат ни македонците ни никој смешни сте ама крајот ви се се поблиску ваквите идеи за дневна употреба одамна ги поминавме
   63 |   41
BEDA NA MAKEDONSKITE POLITIKANTI OD sdsm i VMRO, 17.02.2017 01:49:26
Dui saka da gi iskusuva sdsm i VMRO i predizvikuvajki ja nivnata (nelojalna) konkurencija kako pomegu dve zeni koi se borat za eden maz, da izdejstvuva promena na ustavot i voveduvanje na dvojazicnost. Za taa cel bea i lagite deka VMRO dal pismeni garancii na DUI. Efikasen lek za toa e malcinska vlada no za toa e potrebno svest i razum a ne strastveno kidisuvanje i bezumna konkurencija pomegu sdsm i VMRO. Sepak se uste se e vo racete na sdsm i VMRO zatoa sto DUI bara prethodno izglasuvanje na krsenjata na ustavot pa potoa vlada. Ne znam kako i so sto mislat na toa da gi prinudat.izbori za da gi drzat sdsm i VMRO vo tesno i pred svrsen cin. No ete zatoa R.Aliti ne saka Kako i da e prv ke odlucuva sdsm-za zakonot. a potoa VMRO, koga ke dojde vreme da bide izglasan. Veruvam deka VMRO ke ima sili da ne glasa i zatoa ke nema vlada. I dokolku nema dogovor za malcinska togas preostanuva opcijata novi izbori.
   50 |   49

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
23°СкопјеВреме
Ведро
Пон24
Вто25
Сре27
Чет28
Пет25
Саб25
Нед25
Пон24
Вто24
Сре25
НајчитаниНајкоментирани
 
Новиот министер за култура најавува стопирање на „Скопје 2014“
Пресврт во односите на Германија и САД?
Хрватска (не) го сака еврото
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ