www.utrinski.com.mk
19 февруари 2017 12:54
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
11.01.2017, 18:24

Поради снегот, преполовена работата на транспортерите

На граничниот премин Богородица - Евзони кон соседна Грција вчера напладне околу 70 товарни возила чекаа влез во оваа земја

Вчера напладне, на граничниот премин Богородица - Евзони кон соседна Грција околу 70 товарни возила чекаа влез во оваа земја, што се должи на лошите временски услови и состојбата на патиштата. Како што велат од здруженијата на транспортерите, причината е наврнатиот снег и опасноста камионите да ги блокираат патиштата, па превентивно се задржуваат на граничниот премин. Поради тоа, преминувањето на преминот Богородица - Евзони за тешките товарни возила бил прекинат од два часот по полноќ.

Но, не само овој застој, туку генерално, поради временските услови во изминатиот период, работата на транспортерите е речиси преполовена, а како што оценуваат од Здружението на транспортери „Макамтранс“, поради снегот кој ги зафати европските земји, продолжено е и времето за транспортирање на производите.

„Генерално, секоја година во овој период се соочуваме со слични проблеми, со оглед на тоа што нашите транспортери возат не само во Македонија туку и во многу други земји. Овој јануари има за околу 50 отсто помалку движења, а забавен е и транспортот поради состојбите на патиштата“, вели Биљана Муратовска од Здружението на превозници „Макамтранс“.

Таа додава дека поради сезонските влијанија врз оваа дејност, успешноста ја оценуваат на годишно, а не месечно ниво. Сепак, кога станува збор за овој период, кога во повеќе европски земји имаше врнежи од снег и проблеми на патиштата, забележливо е забавување на транспортот. Така на пример, ако во нормални околности на транспортерите им требаат еден до два дена да превезат товар од Грција или пак од Бугарија до Косово, сега за тоа често им се потребни и 3-4 дена. Или, подолгите релации, кои инаку се минуваат за 3-4 дена сега тие траат по седум, осум, па и десет дена.

„Не само што е продолжено времетраењето на превозот, туку намален е и обемот на работа“, вели Муратовска.

Оние камионџии што патуваат кон Украина, Русија или кон Белорусија, вообичаено во овој период од годината им треба по 15-20 дена да одат и да се вратат. Но, сега со продолжено возење, треба да сметаат и камионџиите кои вршат транспорт и на многу други дестинации во Европа.

Сепак, и покрај намалување на обемот на работа и зголеменото време за транспорт, што ги зголемува и трошоците, транспортерите велат дека не се осмелуваат да ги зголемат и цените, поради страв дека ќе ги загубат клиентите. (М.Ј.)

Статијата е прочитана 194 пати.


Испрати коментар
НБМ ја намали каматата на благајничките записи на 3,5 отсто
Светска банка ги намали прогнозите за економски раст на земјава
Банките лани собрале повеќе заштеди, но помалку дале кредити
На аеродромите лани за 15 отсто повеќе патници
Грција го исклучи далноводот кон Македонија

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
4°СкопјеВреме
Обилни врнежи
Нед5
Пон6
Вто7
Сре11
Чет12
Пет14
Саб9
Нед10
Пон11
Вто11
НајчитаниНајкоментирани

Лавров: НАТО е институција од Студената војна
Грција: Данок на изнајмувањето станови на туристите
Охридско Езеро со ниво под законскиот минимум, кој е виновен?
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ