www.utrinski.com.mk
28 јуни 2017 16:11
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
20.03.2017, 14:33

Вашата коса во пролетно-летен тренд

„Несериозна“ пунџичка и патец на страна

Почна пролет, се збогуваме со палта и капи, па е сосема логично малку да се позанимаваме и со косата. Првата работа што треба да ја направите е косата да ја „нахраните“ со некоја маска, а потоа да размислувате за модерни фризури.
Внимавајте и на изборот на боите, бидејќи и таму постојат различни трендови.
Ова се најмодерните бои и нијанси на коса за оваа пролет.

Чоколадни нијанси

Длабоки и заситени кафеави нијанси на косата се особено популарни за сезоната пролет-лето, и се во склад со природниот изглед на косата.



Русо-сива коса

За русокосите доаѓа вистинско време: со сиво-руси нијанси, едноставни, не премногу впечатливи и многу нежни бои.



Црвена коса

А зошто косата да не ви биде огнено црвена со светли нијанси? Можете да изберете помеѓу светли и темни варијанти на бои.



Балеаж

Балеаж е варијација на омбре-ефектот, каде што рабовите на надворешните прамени на косата се бојадисуваат во различни, често светли тонови. Корените на косата се оставаат во природна боја и тој контраст е навистина забележлив.



Нестандардни пастелни нијанси

Ако сакате да сте поинакви и во чекор со модните трендови, тогаш обоените пастелни нијанси се особено модерни за пролет и лето. Посебна популарност уживаат пастелни тонови на сина, зелена и најмодерната, боја на пудра (бледо розова).

Модерни фризури

Патец на страна

Еден нестандарден предлог е косата да е исчешлана или полуприбрана настрана. Овој тип на фризура често се комбинира со друга тренд на сезона - измазнета коса, за да изгледа строго и елегантно. Коса на патец, на страна е најсоодветна за секој ден.



Кадрици

Кадрава и бунтовна коса е многу модерна во периодот што доаѓа. Од ситни до големи кадрици, не постои шанса да згрешите во изборот. Дизајнерите додале различни шарени додатоци и панделки, за совршена фризура.



Залижана коса

Овој тип на фризура ќе и' годи на вашата коса, иако нема волумен. Фризурата многу добро се комбинира со „стрит стајл“ визии.

Ниско коњско опавче

Совршен фризура за секој ден е ниско коњско опавче. Ако сакате да го комбинирате со некој друг тренд, може да се обидете со патец настрана, или пак со стилизирани опашки.

Коса со мокар ефект

Овој тренд е исто така малку нестандарден и не секој би се осмелил да го примени. Мокар ефект се прави најчесто со гел или восок. Во некои случаи, за долготраен ефект, добро е косата да ја намачкате со специјално масло. За да го примените овој тренд, косата не мора да е права, мокрите кадрици се многу актуелни, особено во лето.

Безгрижно пунџиче

Најнов тренд кај фризурите за пролет- лето 2017. е несериозна, безгрижна пунџичка. Косата е собрана како набрзина, малку извртена, а понекогаш и украсена со ластик.

Дизајнерите одбраа ниска и високо крената пунџичка, директно на врвот на глава. Добрата работа за несериозна пунџа е дека лесно се комбинира со сите варијанти: елегантни и спортски.

Статијата е прочитана 256 пати.


Испрати коментар
Што прават денеска
Вкусен агол
Вкусен агол
Во Македонија не постои естрада
Концерт на Влатко Стефановски и „Биг бенд оркестар“ на словенечката војска
Миша Бартон - Моите најголеми стравови се остварија
Шон Пен со ултиматум го спасил синот од зависност

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
34°СкопјеВреме
Сончево
Сре35
Чет37
Пет36
Саб38
Нед32
Пон23
Вто25
Сре27
Чет30
Пет30
НајчитаниНајкоментирани
 
Се зголемува бројот на милионери во Германија
Ангела Меркел и истополните бракови
Ахмети закажа средба, Беса одби: Не разговараме по хотели!
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ