www.utrinski.com.mk
28 мај 2017 03:11
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
20.04.2017, 16:27

Без истовремена дератизација глувците ќе шетаат меѓу општините

Експертите велат дека е идеално сите општини во Скопје да извршат дератизација во ист ден

Општините никако да се договорат истовремено да ја извршат дератизацијата, а експертите секогаш кажуваат дека само со едновременото уништување на глодачите може да се постигне саканиот ефект. Во спротивно, глувците само ќе прошетаат од една во друга општина.

Според ова, значи дека глувците од Аеродром сега ќе прошетаат во Кисела Вода, бидејќи двете општини дератизираат на временско растојание од еден месец. Пред триесетина дена Кисела Вода ја реализираше пролетната дератизација, а во средата, пак, дератизираше Општината Аеродром. Од таму кажаа дека на својата територија со пролетната дератизација ќе бидат опфатени 3.000 шахти а ќе се постават 9.000 мамци.

Експертите велат дека е идеално сите општини во Скопје да извршат дератизација во ист ден, бидејќи глодачите се многу интелигентни суштества и веднаш реагираат. И не само што се интелигентни, туку се и одлични пливачи. Тоа го покажале токму при поплавите во Страјковци и околината во август минатото лето, како и чувството за евентуална опасност. Тие се причинителите за болеста туларемија, која може да биде опасна по човековото здравје.

„Глушецот е цицач кој многу брзо се движи и како интелигентно суштество, тој лесно го насетува човекот, дури и при подигањето на капакот на шахтите, па затоа вработените носат ракавици. Глодачите лесно се разбегуваат и доколку општините не извршиле дератизација во исто време, тогаш можноста да прошетаат од една во друга општина секогаш постои. На овој начин ефектот ќе биде помал, а најидеално би било сите општини да дератизираат едновремено“, објаснува д-р Лилјана Синадиновска, од Центарот за јавно здравје во Скопје. (Сн.К.)

Статијата е прочитана 249 пати.


Испрати коментар
Денеска привремен режим на ул. „Филип Втори Македонски“
Поднесена кривична пријава за директорот на „Водовод“

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
12°СкопјеВреме
Ведро
Нед21
Пон23
Вто24
Сре26
Чет27
Пет26
Саб23
Нед24
Пон25
Вто25
НајчитаниНајкоментирани
 
Заев најави обединување наместо поделби
Г7 - Шест против еден
Маљковиќ: Иднината е во регионалните лиги
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ