www.utrinski.com.mk
27 мај 2017 15:48
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
20.04.2017, 18:00

Едиторијал

Економијата го губи чекорот

Мирче Јовановски

До неодамна бевме земја со едни од најголемите прогнозирани стапки на раст, особено во регионот, додека сега тоа веќе не е случај

Меѓународниот монетарен фонд и' предвиде на Македонија раст на домашниот бруто-производ годинава од 3,2 отсто, што е намалување од претходната прогноза којашто изнесуваше 3,6 отсто.

Иако станува збор за релативно мала корекција, пораката сепак е јасна - економијата стагнира. Дали ќе зачекори во рецесија, како што предупредија деновиве од една политичка партија, или, пак, стопанството уште еднаш ќе смогне сили да се надмине не себеси, но и пречките кои ги има и кои не се должат на чисто економски фактори, останува крајно неизвесно.

Ваквата неизвесност дополнително се зголемува поради продолжувањето на политичката криза. Речиси четири месеци од изборите, формирањето на нова влада не е уште на повидок, а на постојната, техничката (чиј официјален назив е „за спроведување на предвремените парламентарни избори“), очигледно и' се врзани рацете. Тоа најдобро се гледа по случајот „Југохром“, или по доцнењето на субвенциите за земјоделците, кои уште чекаат на ветените средства, кои, како што тврдат надлежните, се обезбедени во буџетот.

Нивната исплата секако поволно ќе влијае врз овој сектор, но и врз економијата во целина, ако се има во предвид дека земјоделството кај нас е една од најзначајните стопански гранки, која влијае и врз општиот стопански раст.

Од друга страна, продолжената политичка криза негативно влијае и врз приватните компании кои се воздржуваат од инвестиции, за што доказ се и статистичките податоци за намалување на бруто-инвестициите.

Градежништвото, кое најмногу се потпира на државните инвестиции во инфраструктурните проекти и коешто во изминатите години беше мотор на стопанскиот раст, засега се држи, но прашање е до кога, бидејќи без „нормални“ институции најавените проекти можат да бидат доведени во прашање.

Впечаток е дека веќе одамна ретко кој се возбудува од ваквите прогнози на меѓународните финансиски институции. Кај нас стана правило да се „читаат“ само убавите вести и оцени. Но, некое време, од ревизорските куќи кои даваат оцена за кредитниот рејтинг и кои се водилка за странските инвеститори, доаѓаат сериозни предупредувања дека доколку продолжи, политичката криза може да има и поголемо влијание врз економијата. Дека Македонија го губи чекорот зборува и фактот дека не толку одамна, таа беше земја со едни од најголемите прогнозирани стапки на раст, особено во регионот, додека сега тоа веќе не е случај.

Од друга страна, стапката од 3,2 отсто покажува дека бизнисот кај нас сепак е жилав и дека и покрај сите неволи на коишто наидува, а кои главно се поради фактори на кои што не може самиот да влијае, и натаму продуцира некакви резултати. Прашање е само колку од овој раст се должи на активностите на странските инвестиции коишто работат во слободните економски зони (врз кои домашните политички проблеми сепак имаат ограничено или никакво влијание), а колку на домашните фирми, кои се' погласно зборуваат дека вака веќе не може.

Нивната порака е јасна - за здраво стопанство кое што ќе испорачува одржлив економски раст, потребни се и стабилни институции.

 

 

НАПОМЕНА: Преземањето на текстот или делови од него, како и преземање на фотографија е дозволено само со одобрение од "Утрински весник" или според правилата на МПМ. За правилата на МПМ за преземање авторска содржина кликнете тука

Статијата е прочитана 506 пати.


Испрати коментар
Денот на победата е во мај
Бизарното однесување на турско-германските гласачи
Демократски и патриотски протести
bitola-1, 21.04.2017 00:45:25
Jas ne znam kako ushte sme zivi,ili kolku pari ima ova zemja,koga vladite na angro ja kradat,a opozicijata ja sopka vladata preku grbot na narodot i drzavata{sabotira investici,zagovara bankroti i pad na dinarot...} se na shteta na narodot i toa najsiromashnite sloevi.
   7 |   9
Ајван Доктор®, 21.04.2017 02:18:40
Интересна е заблудата дека нештата во економијата кај нас зависат од бизнисот и бизнисмените!Во неа веруваат повеќето економисти,научници,новинари,но и наивниве патриоти!Која економија во држава која е на ниво на развој на граница со почетокот на минатиот век?!Која економија во држава во која бизнисот (и не само тој,туку и сите останати области) е строго контролиран од политиката и зависен од неа и од моќниците на власт!?Не произведува автомобили,не произведува авиони,нема мрежа од автопати (повеќето се во фаза на распад),ниту задоволителна железничка мрежа,ниту возови,нема задоволителна инфраструктура,да не говорам што ИТ-технологијата не е ни во зачеток,3-Д печатењето и силиконските чипови се мислена именка,земјоделието заостанато во минатиот век!Со вештачки странски инвестиции со вештачки пораст на извоз!Единствениот економски раст кој се остварува е преку градежништвото,а штом тоа замре ќе замрат и „порастот“и „успехот“!
   23 |   4

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
22°СкопјеВреме
Делумно облачно
Саб21
Нед20
Пон22
Вто24
Сре26
Чет28
Пет27
Саб26
Нед27
Пон26
НајчитаниНајкоментирани
 
Заев најави обединување наместо поделби
Г7 - Шест против еден
Маљковиќ: Иднината е во регионалните лиги
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ