www.utrinski.com.mk
22 февруари 2017 16:20
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
15.02.2017, 09:09
ПСЖ убедлив во првото осминафинале против Барселона во ЛШ



Екипата на ПСЖ постигна убедлива победа на првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите против Барселона. Синоќа пред своите навивачи ПСЖ оствари сигурна предност од 4:0 во пресрет на реваншот.

Стрелец на два гола беше Анхел Ди Марија во 18 и 55.минута, а другите два гола ги постигнаа новото засилување Јулијан Дракслер во 40.минута и Единсон Кавани во 72.минута.

На вториот натпревар одигран синоќа Бенфика ја победи Борусија Дортмунд со 1:0. Стрелец на единствениот гол беше Костас Митроглу во 48.минута.

Гостите од Дортмунд преку Пиер - Емерик Обамејанг во 58.минута не реализираа пенал бидејќи голманот на Бенфика Едерсон успеа да го одбрани ударот од белата точка.

Вечерва се играат два натпревара од 1/8 финалето:
Баерн – Арсенал и
Реал Мадрид – Наполи.

Бускетс: Едноставно не надиграа

Неверување владее кај раководството и фудбалерите на Барселона по синоќешниот дебакл и поразот од Пари Сен Жермен со 4:0 во првиот осимнафинален дуел од Лигата на шампионите. Победата на парижаните е сосема заслужена, а со тоа се сложува и играчот на каталонскиот клуб Серхио Бускетс.

- Одиграа извонреден дуел. Беа подобри од нас во секој поглед. Едноставно не надиграа. Одлично делуваа и очигледно нивната игра тактички беше поставена без грешка. Останува да се надеваме дека на реваншот ќе ни се пружи шанса барем да го направиме дуелот неизвесен. Нивната предност е огромна, но нема предавање се додека постојат и теоретски шанси, изјави Бускетс.

Возвратниот дуел во Барселона е на 8 март.

Незаборавен роденден за Кавани и Ди Марија

Фудбалерите на Пари Сен Жермен, Анхел ди Марија и Едисон Кавани долго ќе ја паметат победата (4:0) над Барселона остварена синоќа на своите родендени во 1/8 финалето од Лигата на шампионите.

- Мојот престој во ПСЖ имаше многу сјајни моменти, но оваа победа има посебен вкус, бидејќи е остварена на мојот роденден. Долго ќе се сеќавам на овој ден, изјави стрелецот на четвртиот гол за парижаните.

Триумфот над Каталонците го најави уште еден славеник.

- Да се победи Барселона со ваков резултат, на мојот роденден е неверојатно. За ваква вечер не можев ниту да сонувам. Одигравме совршени, истакна двојниот стрелец Анхел ди Марија.




Статијата е прочитана 578 пати.


Испрати коментар
Дури 14 голови на двата натпревари во Лигата на шампионите
Металург со победа го заврши домашниот настап во СЕХА лигата
Федерер - Би сакам да играм во дубл со Надал
Македонија во Полска за 3 до 5 евра
Лазаров - Македонија има загарантирана иднина за следните 10 години
Шпанскиот суд ја одби жалбата на Нејмар
Лакрабер и следната сезона ќе настапува за Вардар
Запад го победи Исток во меч со рекорден број поени
Прва титула на Карпош Соколи во Купот на Македонија
Победи за Вардар и Шкендија
Второ злато за Хиршер на Светското првенство во Сент Мориц
Фени Индустри против Карпош Соколи во финалето на Купот
Голема победа за ракометарите на Вардар против ПИК Сегед
Илчо Ѓорѓиоски едногласно реизбран за претседател на ФФМ
МЗТ Скопје Аеродром последен полуфиналист во Купот
Лазаров и Ристовски дел од триумфот на Барселона над Шафхаузен
Карпош Соколи прв полуфиналист во кошаркарскиот куп
Ибрахимовиќ и Џеко ѕвезди на вечерта во Лига Европа
Лекиќ уште две сезони во ЖРК Вардар
Ѓорѓиоски избран за член на Организацискиот комитет на ФИФА
Кот победник на денешните скокови во Кореја
Одлуката од Лозана за Адеми дури на 17 март
Убедливи победи на Баерн и Реал во првите осминафинални дуели од ЛШ
Крафт победник на ски-сковите во Пјонгчанг
Триумф на Кливленд на гостувањето кај Минесота
Дамјановски четврти на „Мавровскиот меморијал“ и со „А“ норма за ЗОИ во Пјеонгчанг
Симјановска сепак ќе се натпреварува во велеслаломот во Сент Мориц
„Винсенте Калдерон“ домаќин на финалето на шпанскиот куп
Ерни сензационален победник во комбинација на СП во Швајцарија
Ентони го предводеше Њујорк до важна победа над Сан Антонио
Червар - Македонија живее за ракометот

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
16°СкопјеВреме
Претежно облачно
Сре12
Чет13
Пет13
Саб8
Нед11
Пон13
Вто14
Сре13
Чет13
Пет12
НајчитаниНајкоментирани

Јанева за ДВ: Доста е, време е јавноста да знае што се случува!
Популизам: анализа на еден феномен
Нема бесплатно полнење на мобилните апарати
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ