www.utrinski.com.mk
22 јуни 2017 14:07
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
04.05.2017, 13:51

Откриен ветувачки лек за ХИВ

Американски научници направиле голем чекор напред во лекување на вирусот на ХИВ, така што успеале да излекуваат животни од вирусот

Откриен е "ветувачки лек" за ХИВ и сида. Ова го најавија научници што успеале речиси целосно да го уништат вирусот причинител на имунолошкиот дефицит - ХИВ, инфекција што води кон СИДА од организмот на глувци. Ова откритие создава надеж дека човештвото конечно ќе добие лек за ХИВ и сида. Истражувачите објаснуваат дека тоа го постигнале со помош на методата ЦРИСПР со која "хуманизирале" глувци, додавајќи им одредени клетки од човечки имун систем, потоа го уништиле вирусот во белите дробови, срцето, цревата и во мозокот на глувците, и тоа по само една интравенозна инјекција.

"Ги потврдивме податоците што ги добивме во текот на претходни експерименти и ја подобривме ефикасноста на стратегијата за измена на гени. Исто така, откривме дека таа е ефикасна и во случај на акутна инфекција на клетките во организмот на глувците и во случај на инфекција во човечките клетки ресадени во телото на глодарите", изјавил д-р Венхуи Ху.

Тимот на доктор Ху тестирал три групи глувци. Глувците од првата група биле инфицирани со ХИВ, глувците од втората група биле инфицирани со ЕкоХИВ (глувчешки еквивалент на човечкиот ХИВ), додека третата група глодари била "хуманизиран модел", односно глувци на кои им инјектирале човечки клетки заразени со ХИВ.

"Кај глувците заразени со ЕкоХИВ можевме да тестираме ЦРИСПР / Цас9 за да се блокира репликацијата на вирусот и потенцијално да се спречи системска инфекција", рекол ХУ.

Нивната стратегија овозможила елиминација на 96 отсто на ЕкоХИВ од глувците, благодарение на ЦРИСПР / Ца9, техника што на научниците им дозволува да прават прецизни измени на самата ДНК.

Кај третата група глувци, која во себе имала и човечка ДНК и Т-клетки (каде што се крие вирусот), по само еден третман со ЦРИСПР / Ца9, вирусот бил отстранет во целост.

Во следната фаза, додал Ху, ќе го повториме истражувањето на примати." Следен чекор е студија на примати, кои се многу попогоден модел каде што ХИВ предизвикува болест, а со желба да елиминираме ХИВ од Т-клетки и мозочни клетки",рекол Ху, додавајќи дека конечната цел е клиничко истражување на луѓето.

Во истражувањето учествувале експерти од Универзитетот Темпл и од Универзитетот во Питсбург.



ЦРИСПР / Цас9 е т.н. алатка за прецизни промени на ДНК или методот за модифицирање гени. Техниката дозволува да се прават прецизни уредувања на ДНК, без разлика дали на бактерија или човек. Методата е откриена при испитување на имуниот систем на бактерија. Резултатите од новото истражување покажале дека "размножувањето" на ХИВ може да биде спречено, а вирусот елиминиран од животински клетки со помош на техниката на модификација на гените - ЦРИСПР, која е стара шест години и с? уште не е испробана на луѓе. Стратегијата што ја користеле подразбира прецизно откривање на заразеното место, отстранување од ДНК-синџирот и замена со ново.





Статијата е прочитана 938 пати.


Испрати коментар
Чижов
Наставници од Стоматолошкиот факултет со отворено писмо до ректорот Јанкуловски
ВМРО-ДПМНЕ
Телохранителот на Дијана ја обвинува кралицата Елизабета за нејзината смрт
Изложба Охридски филиграни во Софија
Прва фото изложба на лице со даунов синдром
Камбовски
Принцот Филип, сопругот на кралицата Елизабета се повлекува
Светска банка и додели заем на Србија за елементарни непогоди, прв од ваков вид
Еве што прават денес девојките од Тату
Врачена државната награда „Гоце Делчев“ за 2016 година
Хан
Во првиот квартал од годинава размената достигна 2,8 милијарди долари
ВМРО-ДПМНЕ
Ранг листа на ФИФА
Во првиот квартал од годинава размената достигна 2,8 милијарди долари
Врховиот суд ја уважил жалбата на исклучените синдикати од ССМ
Писмото стигна кај Иванов, Заев пак ќе оди по мандатот
Актерите на "Кум" се собра по 45 години
Вечерва Македонија - Исланд, прв тест за Гонзалез
Северина ја освои американската публика
Се отвораат ли апетитите во ВМРО-ДПМНЕ за челната позиција
Мултимедијалниот проект со оган на младиот Јосифов и во Сан Франциско
Бугарското Собрание го избра Бојко Борисов за нов премиер
Повторно одложено рочиштето за случајот „Поткуп“
Штрајк на австралиските новинари
Театарски перформанс на младата режисерка Нина Николиќ во Битола
Писателите ке го чествуваат делото на Гане Тодоровски
Села со прес-конференција наредната недела ќе се врати во политиката
Службен весник
Џафери во Брисел-средба со Хан и Могерини
Игуаин двоен стрелец за победата на Јувентус против Монако
ЈОРМ поднесе предлози за притвор и мерки на претпазливост
СДСМ
Почнува акцијата „Цел Центар на точак“
Франција

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
29°СкопјеВреме
Делумно облачно
Чет31
Пет33
Саб32
Нед33
Пон32
Вто32
Сре32
Чет33
Пет33
Саб33
НајчитаниНајкоментирани
 
Самит: ЕУ излегува од критичната состојба
Има ли крај на падот на цената на нафтата?
Популизмот пред стручноста му „пресуди“ и на автопатот Кичево-Охрид
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ