www.utrinski.com.mk
26 мај 2017 20:57
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
06.03.2017, 15:56

„Лимак“ стартува со активности кај „Рамстор“

Турската компанија треба да гради подземна сообраќајница и комерцијален објект до Старата железничка станица

Дали конечно ќе почнат градежните активности околу изградбата на одамна најавуваната подземна сообраќајница кај Старата железничка станица и трговскиот центар „Рамстор“ над која треба да никне голем станбено деловен комплекс. Деновиве турската компанија „Лимак холдинг“, која е сопственик на земјиштето почна да го оградува просторот.

„На посочениот потег е воспоставен привремен сообраќаен режим, поради дислокација на вреловод од страна на компанијата ’Лимак‘“, ни одговорија кусо од Град Скопје.

Во јануари годинава Градот распиша оглас за изработка на основен проект за изградба на подземната сообраќајница кај „Рамстор“, односно Јужен булевар која ќе се протега од раскрсницата кај поранешна „Нова Македонија“ до клучката кај Црниче, на кои места треба да бидат изградени два кружни тека. Од Градот засега не откриваат кого избрале да го проектира сообраќајното решение и да го изготви основниот проект. Оттаму велат дека детали околу конечниот исход од јавната набавка ќе биле објавени по склучување на договорот за изработка на проектот.

Подземниот булевар треба да го гради турската компанија „Лимак холдинг“, која е сопственик на градежното земјиште над сообраќајницата со површина од 300.000 квадратни метри каде што е предвидена изградба на четири блока со околу 2.000 станови во 20-катни објекти, канцеларии, трговски центар, простор за културни активности, паркинг... Вкупната инвестиција е вредна 250 милиони евра.

„Лимак“ треба на своја сметка да го изгради подземниот булевар, а за возврат ќе го добие земјиштето над сообраќајницата и на него ќе го гради комплексот. Освен тоа, паралелно ќе гради и комерцијален објект до Старата железничка станица, кој ќе биде со пресликана фасада и висина како и железничката и ќе претставува влез во новиот комплекс. Подземната улица треба да биде 6 до 6,5 метри под земја, со должина од 800 метри и ќе има 6 коловозни ленти, по три во двата правци. „Лимак“, по изградбата ќе има обврска сообраќајницата да ја предаде во владеење на Град Скопје.

Од компанијата неодамна за „Утрински“ изјавија дека прво ќе почнат со изградба на објектот до Старата железничка станица, а кусо по отворање на тоа градилиште, ќе стартуваат и со изградба на подземниот булевар. „Двата проекта ќе се изведуваат паралелно, со оглед на тоа дека и двата плаци беа купени во речиси ист период, односно, имаат безмалку идентични рокови за почеток на изградбата“, рекоа од „Лимак“.

Компанијата ги купи двата плаца од државата пред повеќе од четири години на лицитација, кога, практично, се наддаваше сама со себе. За плацот кај Стара железничка станица, со површина од речиси 10.000 квадрати Турците платија околу половина милиони евра, а за другата парцела, од над 30.000 квадратни метри околу 3,2 милиони евра.

Изградбата на подземната улица и на комплексот требаше да стартува одамна. Но, освен што лани беше ограден просторот до Музејот на Град Скопје, на терен немаше никакви други активности. Поради тоа во јавноста почна да се шпекулира дека Турците се откажале од инвестицијата. Но, од компанијата ги демантираа таквите гласишта, објаснувајќи дека сложените проекти биле причина за пробиените рокови. „Се работи за сериозни зафати, имаше корекции на проектите и затоа од оправдани причини малку ги пробивме роковите. Прашање на ден е кога ќе почнеме со работа“, изјавија од „Лимак“ за „Утрински“ уште кон средината на минатата година.

Статијата е прочитана 900 пати.


Испрати коментар
Хуманитарна акција „Едно капаче - една надеж“
Прво детско игралиште кај Зелен пазар
Жерновски - Нема да дозволам инволвирање на децата во политички цели

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
15°СкопјеВреме
Обилни врнежи
Пет16
Саб21
Нед21
Пон23
Вто25
Сре28
Чет28
Пет27
Саб26
Нед27
НајчитаниНајкоментирани
 
Димитриевски и Призма првонаградени за истражувачко новинарство од ЕУ
Силиври- мал град за „непријателите“ на Ердоган
За цехот на Груевски ќе мора помош и од ММФ!?
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ