www.utrinski.com.mk
25 мај 2017 09:03
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
14.05.2017, 10:45

Македонскиот Културно-информативен центар во Софија годинава со амбициозна програма

Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија неделава што измина беше вклучен во организација на меѓународната „Европска ноќ на литературата“, која годинава се одржа шести пат. КИЦ беше домаќин и на 10-тата книжевна визита со 12 писатели од Македонија, на која беше одбележана 25-годишнината од потпишувањето на првиот договор за соработка помеѓу Друштвото на писателите на Македонија и Сојузот на писателите на Бугарија.

КИЦ оваа година, меѓу другите настани, ќе ги промовира книгите од македонски автори кои се преведени на бугарски јазик преку Конкурсот на Министерството за култура за субвенционирање странски изавачи кои објавуваат преводи на македонски дела.


- Во последните две години се издадени преку 25 нови наслови. Годинава почнавме проект за промоција на сите тие книги. Во април промовиравме романи на шест македонски писатели од помладата генерација, млади но веќе наградувани во нашата земја со „Роман на годината“ и со други престижни награди. До крајот на годината ќе промовираме дела преведени на бугарски од академиците Влада Урошевиќ и Луан Старова, како и роман на Јулијана Величковска и на уште неколку други автори, изјави Васко Шутаров, директор на КИЦ на РМ во Софија.

Во четврток, 18 мај, КИЦ втора година по ред ќе гостува на Ноќта на музеите во Пловдив, каде ќе се претстави со изложбата „Поврзување“ на македонски ликовни уметници кои живеат и работат во Бугарија. За учеството на нашиот Центар на оваа манифестација е обезбеден репрезентативен протсор во галеријата на Балабановата куќа.

По неодамнешното поставување на изложбата на охридски филиграни од Мирјана Николовска во просторот на КИЦ-от, која имаше голем одѕив кај бугарски посетители заинтересирани за старите занаети и ракотоворби, за оваа изложба се заинтересирале организаторите на Франкофонскиот фестивал „Солеј“ во Созопол. Така што, оваа изложба на 3 јуни ќе биде презентирана во рамки на фестивалот, во градската галерија на ова туристичко место.


Покрај филиграните, на фестивалот ќе биде претставена и изложбата „Поврзување“, пијанистката Мимоза Ќека ќе има концерт со дела на француски композитори, а македонски уметници ќе творат на ликовната колонија во рамки на Франкофонскиот фестивал, каде со своја програма учествуваат 15 држави.

- На 12 јуни продолжуваме со добрата соработка со музичкиот центар „Борис Христов“ и веќе имаме закажано концерт на Ристе Велков, а на 15 јуни концерт на Кристијан Антовски. На 18 јули ќе имаме интересно претставување во Градската библиотека во Бургас, исто така, со ликовната концепција „Поврзување“, која во есенските месеци ќе се пресели во Банско и Велинград, изјави директорот на КИЦ.

Во претстојниот период Центарот ќе биде домаќин и на изложба на Илиријан Беќири и Башким Меџити, во јули ќе ја организира изложбата на скулптури „Танцот на светлината 2“ на проф. Бранко Јакшиќ, како и изложбите на Љубица Мешкова-Солак (Convergence) и Благојче Наумовски-Бане (Мајки, божици и кралици)...

Според Шутаров, адут во програмата на КИЦ-от за 2017 година е двојното претставување на „Копачката“ и „Гласоечко“ - двете заштитени добра од Македонија на листата на нематеријално културно наследство на УНЕСКО. Тие во Софија ќе бидат промовирани во рамки на програмата за одбележување на Денот на независноста 8 Септември, а воедно ќе бидат претставени и во Регионалниот центар за нематеријално културно наследство на УНЕСКО кој се наоѓа во Софија. За овој повод ќе гостува фоклорната група „Копачка“ од делчевското село Драмче во партнерство со „Трио Гавровски“.

Покрај соработката со автори од Македонија, Шутаров посебно ја истакнува одличната соработка со Македонци кои живеат во Бугарија, претежно во Софија, и се успешни на бугарската културна сцена.

- Голем дел од нив се партнери во многу настани, како што се актерите Ѓорѓи Георгиев-Антика, Игор Дамјанов, Иван Калошев - кој е првенец во театарот во Стара Загора, кои ни се дел од „Европската ноќ на литературата“, потоа режисерката Ана Батева, 15-ина ликовни уметници од групата „Конекција“. Се гордеам многу со успесите на балетскиот уметник Трајче Стојковски, на телевизискиот режисер Зоран Петревски, кој ги работи најгледаните бугарски ТВ-серијали, на Горан Митевски - еден од најдобрите клупски менаџери во Бугарија, кој е познат тука и ги прави најдобрите забави. Овде веќе се слуша за нив и би сакал кога и дома, во Македонија, би се интересирале за нив. Тоа ним многу им значи. Апелирам македонските институции да им обрнат внимание, да им дадат шанса да го покажат тоа на македонската културна сцена, зашто тие уметници имаат веќе сериозно искуство и успех, додаде Шутаров.

Статијата е прочитана 373 пати.


Испрати коментар
Џеки Шепард и Коле Ангеловски почесни лауреати на "Астер
Вечерва 36 издание на "Мал Битолски Монмартр"
Хуманитарен концерт место операта "Мадам Батерфлај"
Театар комедија освои две награди на фестивал во БиХ
Македонските продуценти рамо до рамо со светските филмаџии
Шеста премиера на " Грета од Фауст" во Битолскиот театар
Полските издавачи заинтересирани за македонските автори
Во Националната галерија изложба на графики од Иван Мештровиќ
Со есклузивен концерт вечерва ќе биде отворена новата Македонската филхармонија
Македонската поезија и проза на Саемот во Варшава
Промоција на новиот објект на Македонската филхармонија в недела со ексклузивен концерт
Трпчески на примиерната изведба "Македонисимо" во Германија дури запеа
Почнува осмиот фестивал за класична гитара "Тремоло"
Во книжарницата "Бункер" ќе се делат бесплатни стрипови
Премиера на детската оперета "Пролетна приказна" во МОБ
Македонскиот виолинист Иванов ќе ја претставува Европа на светски натпревар
„Атена со пенис“ - премиера на Драмски театар
Изложба на етнолошки предмети подарени на Музејот на Град Скопје
Промоција на монографија за акварелите на Васко Ташковски
По 70-ти ќе биде послан црвениот тепих во Кан
Хуманитарна изведба на мјузиклот "Тајно моја"
Ванеса Меј приреди редок спој на класика, џез и техно
Филмот "Ах, љубов моја" на Коле Ангеловски со кино проекција во Велешкиот театар
На "Про- за Балкан" ќе гостуваат познати издавачи од Франција, Србија и ОАЕ
"Кружно патување на Марето" најдобар фил и на фестивалот "Вилмош Зигмонд"
"Хармс" влезе во главната конкуренција на фестивалот во Шангај
Премиера на Дон Жуан од Молиер во Битолскиот народен театар
Виолинистката Ванеса Меј вечерва со концерт во "Борис Трајковски"
Промовирани 14 нови преводи на стручна и научна литература
Опера-реквием „Јов“ на Мајски оперски вечери
Операта „Севилскиот бербер“ вечерва на 45. „Мајски оперски вечери“
Во Велес на 9 и 10 јуни 52. „Рацинови средби“
Чествување на Конески и претставување на Османли на Саем во Солун
Модерно издание "Басни од Македонија" на здружението "Браво сине"
Нова книга на Веле Смилевски за поезијата во изминатите 45 години
Изложбата „Ана Франк – Историја за денес“ во Крива Паланка
Во Торонто промовирана монографијата „Атанас Близнаков“ од Славе Катин
Панел дискусија за 25 години од првиот договор за соработка меѓу ДПМ и Сојузот на бугарските писатели
Отворена јубилејната 10. Македонска книжевна визита во Софија
Македонска вечер во Париз
Книга на Виктор Габер за Македонија во меѓународните односи
Прва награда во Италија за снимен филм од децата од Домот „11 Октомври“
Турнеја на сплитскиот балет во Македонија
Недела на турскиот филм во Скопје
Со порака во шише се простија од Зоран Маџиров
Отворeни 45. Мајски оперски вечери со премиера на Вердиевата „Травијата"
Италијанската награда "Златен грифон" за македонскиот филм "Златна петорка"
Бил Клинтон пишува книга за задкулисните моменти во Белата куќа
Руски воени филмови во Кинотеката по повод Денот на победата
Плакатите од 9. Скопје постер фестивал патуваат за Португалија
Две награди за документарецот „Мојот превртен свет“ на SEEfest во Лос Анџелес
Јубелејни 45-ти Мајски оперски вечери
Монодрами од Холандија, Полска и Израел на фестивалот во Битола
Концерт на Владимир Василевски-Четкар во Њујорк
Почина актерот Ѓорѓи Бисерков Дампе
Промовирана монографија "Никола Мартиноски до 1945" од Кирил Пенушлиски
Почна "Скопје креатива 2017"
Исландскиот писател Браги Олафсон гостин на „Про-за Балкан"
ТВ серијата "Сенките над Балканот" на Драган Бјелогрлиќ ќе се снима и во Македонија
Изложба Охридски филиграни во Софија
Прва фото изложба на лице со даунов синдром
Мултимедијалниот проект со оган на младиот Јосифов и во Сан Франциско
Театарски перформанс на младата режисерка Нина Николиќ во Битола
Писателите ке го чествуваат делото на Гане Тодоровски
Во Скопје се снима првиот боливудски филм
"Скопје креатива" од утре до 6 мај
Три настани во чест на Никола Мартиноски
„Устата на јавето“ нова поетска книга на Раде Силјан
Во Крива Паланка пролетна школа "Етнографија на социјализмот"
Отворена постхумна изложба на Нове Франговски
Концерти на Миха Погачник за интеграција во ЕУ
Успешна изведба на „Дениција“ во Брисел
Светскиот ден на книгата и авторското право одбележан во НУБ „Св. Климент Охридски“
„Плакати“ од Михајло Арсовски на изложба во МСУ
Харлан - „Кјубрик најмногу се интересираше за политиката“
Фестивалот на монодрама Битола од 5 до 9 мај
И „Лолита“ на Скопje филм фестивал
Екипата на „Ах, љубов моја“ се поклони во „Милениум“
Светот се' уште е „гладен за книги“
Личната драма „Реквием за госпоѓа Ј“ го отвори 20. Скопски филмски фестивал
Александар Поповски во жири за 62. „Стеријно позорје“
Во Охрид почна снимањето на играниот филм „Дедо и внук“
Во Брисел со „Дениција“
„Европејци“ – на сцените во Тетово и Скопје
МОБ на „Средба на балетски уметници од поранешна Југославија“
Родниот Штип го чествуваше Ацо Шопов
Дела од „Михајлово“ на изложба во Прилеп
„Ах, љубов моја“ премиерно на Скопски фестивал
Предавања на Јордан Плевнеш на Сорбона
Конференцијата „Книжевноста и Библијата“ во МАНУ
Алаѓозовски на меѓународната конференција „Културата меѓу параграфите“

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
13°СкопјеВреме
Обилни врнежи
Чет18
Пет15
Саб20
Нед21
Пон23
Вто26
Сре27
Чет27
Пет27
Саб27
НајчитаниНајкоментирани
 
Путин: Внимателно следиме што се случува во Македонија
Брегзитот е огромно градилиште
Мудис го намали кредитниот рејтинг на Кина за првпат по 1989 година
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ