www.utrinski.com.mk
19 февруари 2017 12:48
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
11.01.2017, 17:41

Замрзна браната на езерото „Младост“

Велес – Замрзна браната на езерото „Младост“. Велешани стравуваат што ќе се случи кога ќе почне да се топи мразот, дали може да пукне дебелиот бетонски блок и водата да истече од вештачката акумулација. Ниските температури кои достигнуваат и до минус 15 степени ја замрзнаа водата што прелеваше и сега мразот ја окова целата брана. Тоа создаде немир кај граѓаните, па сега најчесто поставувано прашање е дали мразот може да влијае на безбедноста на браната. Но, надлежните смируваат. Велат дека нема опасност по градот.

„Граѓаните не треба да се грижат за безбедноста на браната. Со нејзиното проектирање и градење предвидени се вакви ситуации на замрзнување од ниски температури. Браната може да издржи вакви поларни температури, на што сме сведоци деновиве“, изјави Бобан Пановски, директор на ЈВП „Лисиче“, кое стопанисува со езерото „Младост“. Процените се дека во езерото има околу 12 милиони кубни метри вода, а површината е 60 хектари. Браната е изградена во 1963 година. (П.П.)

Статијата е прочитана 1203 пати.


Испрати коментар
Дијабетичарите бараат редовно да има инсулин
Прихрана на животните во Национален парк „Пелистер“
Пунктот за бездомни лица во Момин Поток отворен 24 часа
Petrush, 12.01.2017 08:50:57
Brana ne mozhe da zamrzne. Mozhe vodata Vo ezeroto.
   14 |   16

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
4°СкопјеВреме
Обилни врнежи
Нед5
Пон6
Вто7
Сре11
Чет12
Пет14
Саб9
Нед10
Пон11
Вто11
НајчитаниНајкоментирани

Лавров: НАТО е институција од Студената војна
Грција: Данок на изнајмувањето станови на туристите
Охридско Езеро со ниво под законскиот минимум, кој е виновен?
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ