www.utrinski.com.mk
28 мај 2017 03:11
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
20.04.2017, 16:04

Поднесена кривична пријава за директорот на „Водовод“

Пријавата ја поднесе Синдикатот за туризам и стопанство поради тоа што врши директорска функција без соодветно образование

Синдикатот за туризам и стопанство поднесе кривична пријава против Александар Атанасов, првиот човек на ЈП „Водвод и канализација“, поради директорување со непризнаена диплома.

На прес-конференција на која Атаносов беше обвинет за незаконско отпуштање работници, Синдикатот го обелодени случајот, при што на новинарите им подели фотокопии со потпис на министерот за образование за непризнавањето на дипломата. Претседателот на Синдикатот Дарко Димовски покажа документи според кои Министерството за образование му укажува на Атанасов дека неговата диплома не може да биде признаена, бидејќи не е стекната на еден од првите 500 универзитети рангирани на Шангајскиот универзитет.

„Неговата диплома за завршен колеџ во Грција не е призната, за што бил известен од Министерството, но тој тоа не го посочил при поднесувањето документи на конкурсот за директор. Дополнително, се' уште не му е признато ниту средното образование кое го завршил во САД, што значи дека е избран на незаконски начин и сите одлуки што ги носи се незаконски и невалидни, па и онаа каде што стави потпис на кредитот за изградба на зградата“, рече тогаш Димовски.

По таа прес-конференција, градоначалникот Коце Трајановски изјави дека ќе го преиспита случајот со дипломата, односно образованието на Атанасов, кого тој го постави за директор на ЈП „Водовод и канализација“(Сн.К.)

Статијата е прочитана 1080 пати.


Испрати коментар
Без истовремена дератизација глувците ќе шетаат меѓу општините
Денеска привремен режим на ул. „Филип Втори Македонски“

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
12°СкопјеВреме
Ведро
Нед21
Пон23
Вто24
Сре26
Чет27
Пет26
Саб23
Нед24
Пон25
Вто25
НајчитаниНајкоментирани
 
Заев најави обединување наместо поделби
Г7 - Шест против еден
Маљковиќ: Иднината е во регионалните лиги
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ