www.utrinski.com.mk
23 мај 2017 16:42
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
20.04.2017, 15:03

Хуманитарниот семеен базар не' сплотува сите

Џули Бојет

Здружение на родители и наставници при училиштето „Нова“

 

Катерина Шекеровска



В сабота ќе се одржи традиционалниот хуманитарен семеен базар во „Нова“. Што ќе можат посетителите да погледнат на овој настан?

Во просториите на меѓународното училиште „Нова“ оваа сабота од 11 до 15 часот ќе се одржи хуманитарен семеен базар. На манифестацијата посетителите ќе имаат можност да уживаат на саем на книга, штандови со ракотворби од цела Македонија, катче со меѓународна храна, училишни изведби од учениците на „Нова“, спорт и игри како и детско катче за најмладите учесници на настанот. Влезот на настанот е бесплатен и отворен за целокупната јавност.



Манифестацијата има хуманитарен карактер. Каде ќе бидат насочени годинава дел од собраните средства?

Дел од средствата собрани од овој настан ќе се донираат на Домот за деца без родители „11 Октомври“, а дел ќе се искористат за поддршка на иницијативата на „Нова“ за обезбедување чист воздух. Сепак материјалната помош не е единствената цел на овој настан туку и моментот на подигнување на свеста на целата заедница за потребата да си помогнеме едни на други.



Настанот е со отворен карактер, a влезот е слободен за сите посетители. Преку кои активности се собираат средствата кои ќе бидат донирани?

Во организацијата се вклучени родителите на децата кои учат во „Нова“ како и целокупниот кадар на училиштето и секако учениците. Сите вложуваат дел од своето време, знаење, ресурси за да ја збогатат содржината на базарот. Средствата се собираат преку продажбата на книги во рамки на саемот, на храна, ракотворби итн. Ова е ден во кој сите се сплотуваме и заеднички работиме за да собереме средства за хумана цел.



Годинава базарот се одржува по 11. пат. Колку сте задоволни од тоа како се развива низ годините?

Апсолутно сме задоволни со оглед дека секоја година растеме и од аспект на содржина и од аспект на посетители. На почетокот, манифестацијата беше именувана „Празничен базар“ и се одржуваше во декември, но со тек на времето поради хуманитарната природа на настанот еволуираше во семеен базар со термин во април. Се надеваме дека ќе продолжиме со исто темпо и

во иднина.

Статијата е прочитана 191 пати.


Испрати коментар
Намалете со благо и бидете позитивни
(ФОТО) Концерт на Влатко Стефановски и Биг бендот на оркестарот на словенечката армија - Музичко обединување на два темпераменти
Меган Маркл - Услов за присуство на свадбата на Пипа Мидлтон
Џулија Робертс - Најубава жена на светот по петти пат
Што прават
Австрискиот канцелар разнесуваше пици
(ВИДЕО) Грчки „летачки поп“ стана хит на интернет

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
25°СкопјеВреме
Облачно
Вто25
Сре21
Чет16
Пет18
Саб19
Нед21
Пон21
Вто23
Сре24
Чет25
НајчитаниНајкоментирани
 
Рама ја искористи платформата за поени во Албанија
Разочарување во Витлеем: Трамп ја одмина Базиликата на Исусовото раѓање
Балканот- колевка на човештвото?
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ