www.utrinski.com.mk
23 март 2017 09:12
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
20.03.2017, 12:28

Бизнисмените не сакаат брзо менување на законите



Домашните и странските компании често коментираат дека најголем дел од законите брзо се подготвуваат и донесуваат и често се менуваат, што им создава конфузија и несигурност во работењето

Маја Томиќ

Сивата економија и брзото менување на законската регулатива беа и се' уште се едни од најголемите проблеми во работењето на македонските компании. За нив е тешко да се приспособат на законите во врска со работните односи, безбедноста и заштита при работа, од даночната и царинска политика, животната средина и урбанизам.

За цел подобро информирање на компаниите и детектирање на проблемите со примената на законите, Стопанската комора на Македонија најави дека од утре започнува со таканаречени инфо-сесии во 10 градови. Јадранка Аризанковска од Стопанската комора денеска посочи дека ќе бидат одржани 18 сесии, а ќе се опфатат компании од земјоделството, текстилот, градежништвото, ИКТ и туризмот.

Инаку, еден од најменуваните закони во земјава важи Законот за работни односи. Од почетокот на транзицијата, па досега, донесени се три закони за работни односи: малку пред распадот на СФРЈ се донесе Законот за работните односи на СРМ (1990), кој истата година претрпе четири интервенции, а во 1993 година беше заменет со нов Закон за работните односи, ЗРО. До 2005 година тој претрпе дури единаесет интервенции, а во 2005 година беше заменет со нов, се' уште актуелен ЗРО. Но, и овој најнов текст не беше поштеден од интервенции. Само до крајот на 2009 година беа донесени четири измени и дополнувања, а потоа секоја година претрпува уште по неколку измени и дополнувања. Овој закон е веќе толку пати менуван, што воопшто не наликува на првичната верзија.

Речиси нема закон во државава кој не претрпел измени од неговото донесување. Освен ЗРО, тука се и: Законот за трговски друштва, кој само во 2013 година претрпе четири измени, а во 2014 година уште три, потоа Законот за социјални придонеси или популарно наречениот, Закон за хонорарците, што предизвика многу реакции и протести во јавноста во 2015 година. Во последниве години неколку измени имаше и Законот за слободни економски зони, за трговски друштва, за задолжница, за возила, како низа закони од даночната сфера.

Најновите реакции на Организацијата на работодавци на Македонија, ОРМ, пак, се однесуваат на последните измени и дополнувања на законите за нотаријат и за извршување. Според работодавците, овие измени кои стапија во сила на почетокот на годинава, се донесени без консултации и поддршка на бизнис секторот и затоа ОРМ подготви иницијатива за измени на двата закона, со очекување дека таа ќе биде прифатена од надлежните институции.

И домашната и странската бизнис-заедница често коментираат дека најголем дел од законите брзо се подготвуваат, уште побрзо се донесуваат, многу често се дополнуваат и менуваат по неколку пати во текот на годината, што им создава конфузија, несигурност и нестабилност во планирањето и работењето. Советот на странски инвеститори во „Белата книга“ што ја подготви во 2015 година, препорачува дека законските измени треба да бидат во согласност со владините програми и фирмите не треба да се оптоваруваат со чести промени на закони. „Тоа е од суштинско значење за фирмите, бидејќи од толку многу измени во текот на една година, може да се случи фирмите да не успеат да исполнат одредени предвидени обврски. Голем број нацрт-закони се означени во ЕНЕР со статус ’отворен‘ за јавна дебата, а всушност се веќе ’затворени‘ и се доставени во Собрание, а во некои случаи се и усвоени. На тој начин засегнатите страни немаат доволно време да го проучат законот, ниту да влијаат за промени во него“, стои во „Белата книга“, каде што е посветено цело поглавје токму на овој проблем.

Статијата е прочитана 344 пати.


Испрати коментар
Цебит
ЕСС - Политичката криза да не влијае на договорените економски и социјални политики
Бензините и дизелот поевтинуваат за два денара

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
7°СкопјеВреме
Претежно облачно
Чет22
Пет24
Саб24
Нед22
Пон17
Вто16
Сре20
Чет19
Пет18
Саб16
НајчитаниНајкоментирани

Напаѓачот од Лондон ѝ е познат на полицијата
Републиканците, интересите на Русија и нападите врз Сорос во Македонија
Скопје ќе „дишe“ на Еко-дрво
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ