www.utrinski.com.mk
24 мај 2017 12:00
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
20.04.2017, 10:11

Австрискиот канцелар разнесуваше пици

Австрискиот канцелар Кристијан Керн цела вечер разнасуваше пици во Виена, за да „биде поблизок до избирачите и да ги дознае нивните проблеми“, што ги засили шпекулациите дека неговата Социјалдемократска партија на Австрија се подготвува за предвремени избори.

Керн облече црвена униформа и им достави пици на неколку семејства, со кои потоа разговарал за политички прашања што го засегаат обичниот народ. Секако, сето тоа беше снимено, а видеото објавено на официјалната Фејсбук страница на канцеларот и за еден час собра речиси 70.000 прегледи.

Овој потег предизвика позитивни коментари, но имаше и такви кои тоа го нарекоа „пица популизам".

Австрија неофицијално е во предизборна кампања, иако редовните парламентарни избори се закажани дури за есента 2018 година.

Социјалдемократите и нивните коалициски партнери - десноцентристичката Австриска народна партија одрекуваат дека Владата планира предвремени избори.

Ако изборите во Австрија се одржат наесен наредната година, тие ќе се совпаднат со австриското претседавање со Европската Унија.

Статијата е прочитана 1608 пати.


Испрати коментар
Намалете со благо и бидете позитивни
(ФОТО) Концерт на Влатко Стефановски и Биг бендот на оркестарот на словенечката армија - Музичко обединување на два темпераменти
Хуманитарниот семеен базар не' сплотува сите
Меган Маркл - Услов за присуство на свадбата на Пипа Мидлтон
Џулија Робертс - Најубава жена на светот по петти пат
Што прават
(ВИДЕО) Грчки „летачки поп“ стана хит на интернет

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
19°СкопјеВреме
Облачно
Сре20
Чет17
Пет16
Саб19
Нед21
Пон23
Вто26
Сре27
Чет28
Пет28
НајчитаниНајкоментирани
 
(Архива) Ден на словенската писменост: Јазикот е наша татковина
Кина повикува на дијалог со Северна Кореја
Мудис го намали кредитниот рејтинг на Кина за првпат по 1989 година
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ