www.utrinski.com.mk
26 јуни 2017 09:04
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
20.04.2017, 17:22

Иванов не само политички, може да одговара и кривично

Наспроти изјавите на шефот на државата дека не чувствува одговорност за кризата, универзитетската професорка Рената Тренеска-Дескоска вели дека тој може да се соочи и со постапка за отповикување, но и со кривична одговорност

Александра М. Митевска



Претседателот Ѓорге Иванов може да одговара и кривично за злоупотреба на службената должност, поради тоа што го толкува Уставот како што му одговара и не го дава мандатот за формирање влада, вели универзитетската професорка и пратеничка на СДСМ, Рената Тренеска-Дескоска.

Иванов завчера изјави дека не се чувствува одговорен за кризата поради која Македонија веќе петти месец е без влада, по изборите на 11 декември. Исто така, тој повтори по кој знае кој пат дека не отстапува од својата позиција да не му го даде мандатот на лидерот на СДСМ Зоран Заев, додека, како што вели, не се отстранат правните и политичките пречки.

Иванов е првиот претседател на Македонија за кого беше поведена постапка за отповикување – во минатиот состав на парламентот, а поради колективната аболиција што ја повлече подоцна под силен притисок на јавноста и на меѓународната заедница. Но, првиот обид за импичмент пропадна поради распоредот на сили во претходниот собраниски состав.

Тренеска-Дескоска вели дека и овој пат се исполнети условите за поведување постапка за имипичмент, поради прекршување на уставните одредби со тоа што не го дава мандатот. Но, додава, тоа е само едно ниво на одговорност за шефот на државата, кое би водело кон негово разрешување од функцијата.

„Иванов не подлежи само на политичка одговорност како претседател на државата. И во компаративното право има ситуации според кои тој може да одговара кривично. Како и сите граѓани на Македонија, Иванов подлежи на кривична одговорност и може да одговара за злоупотреба на службената должност и за други кривични дела кога ќе се создадат услови за независно судство во Македонија“, вели Тренеска-Дескоска.

Иванов изјави завчера дека политичката криза во земјава е решена со изборите на 11 декември, додека со платформата, што и тој ја нарекува „тиранска“, почнала институционална криза.

„Јас тука не чувствувам одговорност бидејќи го почитувам Уставот и тоа што се бара од мене, а ги имам предвид и одлуките на Уставниот суд. Затоа не смеам да донесам одлука која ќе биде оспорена од кого било“, рече Иванов.

Неизвесноста околу определувањето на новиот мандатар за состав на вала трае уште од крајот на јануари, кога лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски не успеа да ја обнови коалицијата со ДУИ. Потоа, Иванов го услови повторното давање на мандатот со доставување на 61 пратенички потпис, како гаранција дека е формирано ново парламентарно мнозинство. Иако никаде во Уставот не стои дека шефот на државата може да поставува услови во однос на содржината на владината програма, тој побара во програмата на идниот кабинет да биде предвидено зачувување на унитарноста и суверенитетот на државата и реформа на безбедносниот систем. По повеќе од два месеци оттогаш, Иванов се' уште не го дава мандатот, иако во неговата резиденција одамна стигнаа 67 потписи на пратениците од коалицијата на СДСМ, од ДУИ, Беса и Алијансата на Албанците.

Доколку во скоро време се најде начин за деблокада и завршување на конститутивната седница, со избор на нов спикер, тогаш Иванов ќе се најде пред нов тест. На таков начин би се отстранила пречката што шефот на државата ја нарекува правна, а кој се однесува на рокот за давање на мандатот. Во период од 10 дена, откако ќе добие известување од новиот претседател на парламентот, Иванов би требало да определи нов мандатар за состав на владата.

Од СДСМ упатија вчера уште еден апел до Иванов, нарекувајќи го „вршител на должност“, но и до Трајко Вељаноски, како претседавач со конститутивната седница, да не ги блокираат процесите за избор на претседател на парламентот и на влада.

„Државата мора без одложување да профункционира. Вељаноски и пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и вршителот на должноста претседател на државата Ѓорге Иванов се должни да дозволат демократските процеси да продолжат. Секое дело спротивно на државните интереси е противуставно и казниво и опструкциите да се реализира мнозинската граѓанска волја мора веднаш да престанат“, се наведува во соопштение на СДСМ.

Статијата е прочитана 6311 пати.


Испрати коментар
Бушати
ДУИ тврди дека Заев и Груевски преговараат
Стигна првата закана од меѓународната заедница
Иванов - Иваниќ - Има солидна основа за интензивна економска соработка меѓу Македонија и БиХ
bitola-1, 21.04.2017 00:33:55
A koj ke go faka i sudi Ivanov,mozebi BC,ili nekoj nogov ucenik{pionir},a koj ke lezi zatvor,koj ke bide sega kurban,mozebi pak Bajram ili Ramazan???
   28 |   51
Brat Kole, 21.04.2017 00:45:48
Иванов не може да одговара ниту политички, ни материјално или морално, а најмалку кривично, од проста причина што поседува меѓународно свидетелство, потврдено од Доналд Туск и странски психијатри, дека тој нема здрав разум.
   62 |   33
EU, 21.04.2017 01:13:52
Prvo prasanje e koj dozvolil ovoj covek da diplomira na Fakultet za pravo, pa uste da stane i doktor i sto e najstrasno da podducuva, citaj moronizira plejada na mladi pravnici.
   54 |   29
Ајван Доктор®, 21.04.2017 01:56:10
Членот 87 од Уставот на Република Македонија гласи: „претседателот на Републиката е одговорен за кршење на Уставот и законите во вршењето на своите права и должности.“!Членот 90 од истиот е облигаторен за претседателот,па неисполнувањето на должноста предвидена по овој член претставува не само кршење на законите (иако се повикува на член од Кривичниот законик,кој нема врска со доделувањето мандат) туку обид за превземање на права кои не му се доделени со Уставот и законите,па според тоа таквото однесување претставува и тешко кривично дело!Уставот не предвидува додела на мандат според неговите симпатии кон одредени лица,ниту според негови субјективни толкувања туку е дециден и обврзувачки!Ништо не може да го оправда Хоурхе во неговото безочно газење на Уставот со цел да го заштити од заслужена казна своето омилено пријателче!Штитејќи го Гwујокио најмногу си штети себеси!Ова ќе му стане јасно веднаш штом заврши патриотскава хистерија и штом излезе од филмот дека тој е државата!
   59 |   24
razmo, 21.04.2017 02:28:37
Sto mislite narode ?????. Zar toj saka , da nestemu momentalno vo negovata Koza ... { od site strani gjorgi sardisan } Najpametno ke mu bidi da go dodeli Mandatot , i da si podnese ostavka .
   50 |   33

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
21°СкопјеВреме
Сончево
Пон32
Вто33
Сре35
Чет37
Пет37
Саб38
Нед30
Пон27
Вто26
Сре27
НајчитаниНајкоментирани
 
Протест против евакуацијата во Лондон поради заштита од пожар
Летната школа во Охрид - македонски прозорец кон светот
Најскапи градови во светот - Скопје на дното
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ