www.utrinski.com.mk
30 април 2017 13:07
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
19.04.2017, 16:15

Во грабежот на НЛБ банка инволвирани уште три лица



Од МВР велат дека дел од украдените пари веќе се изнесени во соседна Србија, а дека на осомничениот Бобан С. во грабежот му помогнале неговиот брат, вработена во банката и уште еден негов пријател

Љубиша Станковиќ

Листата на осомничени за големиот грабеж на милионски суми девизи од НЛБ банка се проширува.

Имено, како што потврдуваат од Министерството за внатрешни работи, Единицата за економски и компјутерски криминал до скопското Јавно обвинителство поднело писмено известување за братот на осомничениот Бобан С., за вработена во НЛБ банка и за уште еден пријател на сега првоосомничениот. Станува збор за лицата Г.С. (43), брат на Бобан С., Е.П. (24), вработена како банкарски комерцијалист и за Б.М. (38), пријател на првопријавениот. За сите нив, според МВР, постојат основи за сомнение дека сториле кривично дело затајување, а во врска со дело помагање. Сомневањата на полицијата се дека овие лица директно му помогнале на Бобан С. во извршувањето на делото, односно тој на противправен начин да се стекне со имотна корист од 2.400.000 швајцарски франци и 645.000 евра.

Од досегашниот тек на истрагата било утврдено дека на 4 април, Бобан С., околу 17 часот, на шалтерот на кој работела сега пријавената службеничка се информирал за курсот на еврата и швајцарските франци, со образложение дека некој негов пријател сакал да направи конверзија на евра во швајцарски франци, но дека тој, наводно, не знаел кога ќе се случи конверзијата. Половина час подоцна Бобан се вратил на шалтерот кај Е.П., придружуван од неговиот брат. Тие и' предале 95.000 евра и документ за лична идентификација, а таа требало преку неговата трансакциска сметка да изврши конверзија на еврата во швајцарски франци. Откако вработената ја направила нарачката, со електронски налог до трезорот, Бобан и' кажал дека парите, односно конвертираните 100.000 швајцарски франци, самиот ќе ги земе од трезорот без притоа да ги пушти низ воздушната цевка, како што тоа го налагала процедурата.

Во меѓувреме братот на провоосомничениот ги потпишал сите потребни документи за паричните средства, а службеничката ги задржала земените 95.000 евра.

Од извршениот увид во снимките од видеонадзорот во банката било констатирано дека кога Г.С. бил на шалтерот на банката немало конверзија и немало 100.000 швајцарски франци и дека службеничката не исплаќа никакви конвертирани пари. На овој начин, всушност, било овозможено затворање на претходно настанат кусок од 100.000 швајцарски франци во трезорот што го направил Бобан С. кога и бил затаен првиот затаен износ, од авионската пратка, од еден милион швајцарски франци.

Три дена подоцна, односно на 7 април, во попладневните часови, додека Е.П. била на смена, повторно постапувајќи по упатствата на Бобан С., преку системот на достава од трезорот, примила парични средства во апоени од по 500 и 100 евра, односно 375.000 евра. За овој износ таа без да подготви каков било банкарски документ, за потреба од вакви парични средства во благајната и без да биде изготвен документ за исплаќање на парите од трезорот, на Бобан С., на рака му ги предала бараните средства.

Сукцесивното изнесување на девизи од Банката продолжило на 10 април, кога Бобан противправно присвоил уште два милиони швајцарски франци и 270.000 евра. Парите одземени од девизниот трезор тој ги ставил во украсна ќеса, а потоа незабележано ја напуштил банката. Кратко време по заминувањето од банката тој се сретнал со својот брат на кого му ги предал парите, а тој, пак, му ги дал на сега пријавениот Б.М, кој, пак, следниот ден, околу 14 часот, на граничниот премин „Табановце“, со автомобил „фолксваген голф“, ја напуштил државата.

Инаку, сега осомничениот Б.М., во понеделникот, бил лишен од слобода и бил изведен пред судија на претходна постапка. Од МВР велат дека и натаму ќе се преземаат мерки за целосно расветлување на овој грабеж.

Статијата е прочитана 2525 пати.


Испрати коментар
Пожар кај терминалот „Фершпед“, повредено едно лице и опожарени две возила
Четиригодишно девојче загина во сообраќајка во Скопје
Камион излета од пат, возачот падна во провалија и почина
Две деца повредени во сообраќајки во Тетовско
Украдени компјутерски монитори од училиште во Вруток

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
11°СкопјеВреме
Облачно
Нед17
Пон20
Вто25
Сре25
Чет22
Пет21
Саб23
Нед25
Пон25
Вто23
НајчитаниНајкоментирани

Луначек: Курц ги дискредитира Австрија и ЕУ со поддршката за Груевски
ЕУ единствена околу преговорите за разводот од Лондон
Даночната реформа на Трамп е осудена на неуспех
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ