www.utrinski.com.mk
27 мај 2017 06:18
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
19.03.2017, 17:37

Парламентот ќе се отвора под лупата на Хан

Поголемите парламентарни партии вчера имаа позитивен пристап и очекувања дека на координацијата кај Вељаноски ќе се постигне договор за закажување собраниска седница

Татјана Поповска



Наспроти очекувањата дека во пресрет на посетата на еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, политичката ситуација во земјава ќе биде барем делумно појасна, европскиот претставник во вторник ќе се соочи со уште поголема неизвесност во однос на дилемите дали е можен излез од политичката криза. Паралелно со средбите што со Хан ќе ги имаат политичките лидери во земјава, во Собранието по повеќе месеци на заедничка маса ќе седнат претставниците на петте клучни парламентарни партии. На координацијата што претседавачот со конститутивната седница на деветтиот парламентарен состав во земјава, Трајко Вељаноски, ја закажа за во вторник напладне, во суштина ќе се отворат само технички прашања. Но големи се стравувањата дека и формирањето на Комисијата за избори и именувања, како и изборот на претседател на Собранието може дополнително да го отежнат целиот процес.

Поголемите парламентарни партии вчера имаа позитивен пристап и очекувања дека на координацијата кај Вељаноски ќе се постигне договор за закажување собраниска седница. Но, прашањето во однос на составот на Комисијата за избори и именувања и понатаму останува спорно, особено меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

Од партијата на Никола Груевски се децидни дека математичките правила и праксата што досега постоела во Собранието се јасни и оти нема дилеми дека тие како партија во ова тело треба да имаат шест члена. Партиски извори велат дека за ВМРО-ДПМНЕ е најважно да се почитуваат правилата, но и да се почитува волјата на народот, кој, како што велат, секој ден е на улица.

Со истите аргументи вчера настапија и од ДУИ, од каде што потенцираа дека математичките резултати се во нивна корист и оти е несомнено дека како партија во оваа комисија треба да имаат двајца претставници.

И покрај овие недоразбирања меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, кои ќе бидат отворени во вторник и кои може дополнително да го обременат процесот, во СДСМ веруваат дека ќе се најде решение за истиот ден или најдоцна в среда ќе биде закажано продолжението на конститутивната седница. Висок партиски функционер вели дека веднаш откако ќе биде закажано продолжението на седницата, партиите што го обезбедија новото парламентарно мнозинство СДСМ, ДУИ, Беса и Алијансата за Албанците ќе постигнат договор за избор на претседател. Од партијата на Зоран Заев очекуваат да се зголеми притисокот врз претседателот Ѓорге Иванов, кој одбива да им го даде мандатот на оние што имаат мнозинство во Собранието.

„Во таа насока и ја толкуваме посетата на еврокомесарот Хан. За нас во моментов е важно да се конституира Собранието, за целиот процес да почне да тече во институционални рамки. Доколку избереме претседател на Собранието, тој ќе го извести Иванов дека има обезбедено парламентарно мнозинство, по што ќе почне да тече рокот од десет дена за Иванов да го додели мандатот“, велат во СДСМ.

Во моментов оваа опција е единствената на која работат социјалдемократите заедно со потенцијалните коалициски партнери. За нив можноста да се избира влада без Иванов да го додели мандатот се' уште не е во игра, иако се свесни дека големи се шансите Иванов, и покрај силниот притисок, да не се премисли.

Паралелно со процесите за конституирање на Собранието, ВМРО-ДПМНЕ, но и иницијативата „За заедничка Македонија“ продолжуваат со барањата за предвремени избори. Претставници од оваа иницијатива вчера пред канцелариите на Европската комисија во Скопје, а во пресрет на посетата на Хан, побараа од еврокомесарот со нив да оствари средба и да не ги игнорира, бидејќи тоа може да создаде дополнителни ризици. Директорот на Македонската опера и балет, Игор Дурловски, повтори дека од идниот претседател на Собранието ќе бараат да ја одбие и отфрли платформата, бидејќи со неа ќе имаме двонационална и федерална држава за сметка на унитарна и граѓанска Македонија.

„Бараме господин Хан да се сретне со нас за да може да му ги претставиме нашите цели и барања, кои се фиксни и непроменливи. Нивното игнорирање и игнорирањето на нашите барања може да создаде само дополнителни ризици. Ако ЕУ е за почитување на граѓанско општество, треба да покаже дека декларативните заложби не се само флоскули, туку треба да преземе конкретни дела, а за почеток може да прифатат средба со нас“, рече Дурловски.

Петар Арсовски

Конституирањето на Собранието отвора нови можности

Доколку се заврши седницата за конституирање на Собранието и биде избран претседател на парламентот, СДСМ и партиите што го обезбедија новото парламентарно мнозинство на располагање ќе имаат повеќе механизми, смета политичкиот аналитичар Петар Арсовски.

Тој нагласува дека членот 90 од Уставот предвидува оти „претседателот на државата е должен во рок од 10 дена од конституирањето на Собранието да го даде мандатот...“. „Со конституирањето на парламентот и формално почнува да тече овој рок од 10 дена за Иванов. Доколку тој не го испочитува и во овој рок не го даде мандатот, еклатантно го крши Уставот и ќе има простор да му се поднесе кривична пријава. Од друга страна, доколку СДСМ и ДУИ изберат претседател на Собранието, а Иванов не се премисли, овие две партии преку парламентот ќе имаат силна алатка да ја блокираат Владата. Можат да усвојуваат закони, кои Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе мора да ги извршува. Можат, на пример, да го укинат екстерното тестирање или пак да донесат закон за најниска плата. Можат да изгласаат и недоверба на Владата, со што ќе се отвори и патот за избор на влада без доделување на мандат“, вели Арсовски.

Функционирањето на Собранието ќе овозможи да се елиминираат заканите од нови избори, кои, според него, не се решение. „Што ни гарантира дека и по другите избори тој нема да измисли нова причина за да не го даде мандатот“, вели Арсовски.

Статијата е прочитана 4545 пати.


Испрати коментар
Сто дена без влада
NEMA DA IMA MIRNA ALBANIZACIJA, VSUSNOST NITU NEMIRNA, 20.03.2017 00:46:58
Anketata odnosno rezultatite kazuvaat mnogu. Najznacajno e deka i clenovite i glasacite za sdsm se protiv dvojazicnost. Inaku voveduvanje vtor sluzben jazik i dvonacionalnost i federalizacija se bazicni prasanja koi ne se resavaat vo 10-te dena za baranje mandat. Za takvi znacajni opstestveni prasanja, prethodno se vodi opstestvena i strucna debata a potoa se resavaat po pat na referendum a ako ne, bogami i so vojna. Normalen covek toa ne go dozvoluva i ne se predava bez borba. Obidot na Han da demoralizira so marketinski trik deka veke se izleglo od ramkovniot dogovor i dr. ne faka mesto bidejki nisto od tie zagovori ne pominalo procedura na oficijalizacija i legitimizacija. Novite izbori se neminovni i nezamenlivi so nikakvi akrobacii i siluvanje za postavuvanje na antimakedonska vlada. Zapadot treba da odbere: da si go socuva kredibilitetot so novi izbori ili ustavniot sud da gi ponisti ovie i taka nekredibilni izbori?
   76 |   53
Ivan, 20.03.2017 02:10:15
Ni doagaat volcite od eu-orospijata za da go doprepolovat stadoto zatoa shto ima i krtovi vo niv. Vo pslednive godini se iznaslushavme *sakame izbori, dosta e so rezimot* pa alde neka bite ushte ednash izbori so izreka *Bez tiranskata utopija i izrodnici* pa da videme dali ovoj narod shto izlegol na ulica deka greshi a kutonite/sharenite bile vo pravo. Dokolku kurtonjiite i uchkite pobedat, togash ne ne siluvaat do beskraj, no da se zemi vo obzir mnozinstvoto glasovi na konstutivniot narod na RM.
   70 |   44
do Petar, 20.03.2017 06:13:26
*Kako mali Dzokica go zamisluva svetot*?
   39 |   42
P.Petar, 20.03.2017 08:23:05
Evropskata unija pred raspad a Makedonija I Srbija trcaat li trcaat vo nejasna idnina! Molam ne blokirajte objavete go komentarot! I da dobijam sto minusi vistinata e taa!!
   67 |   67
Малку историчар тиквеш, 20.03.2017 13:46:02
Ако Јоханес Хан сега не неправи ништо, единствен спас за нас е да дојде Кублај Хан и да не среди. Или пак, да дојдат “комуњарите“ кои, иако полуписмени, на времето, но за 4 години направија држава. Белким че не биде.
   50 |   28

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
16°СкопјеВреме
Облачно
Саб22
Нед20
Пон22
Вто24
Сре26
Чет28
Пет27
Саб26
Нед27
Пон26
НајчитаниНајкоментирани
 
Димитриевски и Призма првонаградени за истражувачко новинарство од ЕУ
Силиври- мал град за „непријателите“ на Ердоган
За цехот на Груевски ќе мора помош и од ММФ!?
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ