www.utrinski.com.mk
26 март 2017 00:44
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
19.03.2017, 14:47

Меридијани

Мапирање на иднината на АИ

Маргарет Боден

Вештачката интелигенција (АИ) веќе има голема улога во човечките економии и општества и ќе има уште поголема улога во годините што доаѓаат. Да се размислува за иднината на АИ значи да се признае дека иднината е АИ.

Тоа делумно ќе се должи на напредувањата во „длабоко учење“, кое користи повеќеслојни нервни мрежи, за кои прв пат се теоретизираше во 1980-тите години. Со денешната поголема компјутерска моќ и складирање, длабокото учење сега е практична можност, а примената на длабокото учење го стекна вниманието на целиот свет во 2016 година, со победата над светскиот шампион во „Го“. Комерцијални претпријатија и влади се надеваат дека ќе ја приспособат технологијата за да се најдат корисни модели во „Биг дата“ од сите видови.

Во 2011 година, „Вотсон“ на ИБМ обележа уште една пресвртница во АИ, со победата над претходните два шампиони во „Џеопарди!“, игра која е комбинација од општи познавања со странично размислување. И уште еден значаен настан е новиот „Интернет на нештата“, кој ќе продолжи да расте како што повеќе направи, домашни апарати, уреди погодни за носење и јавно-лоцирани сензори стануваат поврзани и почнуваат да емитуваат пораки околу часовникот. Големиот брат нема да ве гледа; но еден билион мали браќа може да ве гледаат.

Надвор од тие иновации, можеме да очекуваме да видиме безброј примери на оние што некогаш се нарекуваа „експертни системи“: апликации на АИ кои помагаат или дури заменуваат човечки професионалци во различни специјалности. Слично на тоа, роботите ќе можат да извршуваат задачи кои порано не можеа да се автоматизираат. Роботите веќе можат да ја вршат речиси секоја улога што луѓето некогаш ја извршуваа на складиштен кат.

Со оглед на овој тренд, не е изненадувачки што некои луѓе предвидуваат момент познат како „посебност“, кога АИ системите ќе ја надминат човечката интелигенција, со нивно интелигентно подобрување. Во тој момент, без разлика дали во 2030 година, или на крајот на овој век, роботите навистина ќе преовладуваат, и АИ ќе ги испрати војната, сиромаштијата, болестите, па дури и смртта во минатото.

Но, се' уште има големи настани на хоризонтот, од кои многу ќе ни дадат надеж за иднината. На пример, АИ може да стави на располагање сигурен правен совет на повеќе луѓе и по многу ниска цена. И може да ни помогне да се справиме во моментално неизлечиви болести и да го прошириме пристапот до веродостојни медицински совети, без потреба од дополнителни медицински специјалисти.

Поинаква, но подеднакво вознемирувачка импликација на АИ е дека би можела да стане замена за човечкиот контакт еден на еден. Еве тривијален пример, помислете на вознемиреноста кога се обидувате да добиете вистинска личност на телефон, само за да бидете префрлани од едно автоматско мени на друго. Понекогаш, непријатно е едноставно поради тоа што не можете да го добиете одговорот што ви треба без интервенција на човечката интелигенција. Или, пак, може да биде емотивно фрустрирачки, бидејќи е забрането изразување на чувствата на друг човек, кој би разбрал, па дури и би можел да ги сподели вашите чувства.

Оние кои веруваат дека тоа е можно, претпоставуваат дека обработката на природен јазик ќе биде на висина на задачата. Но, „задачата“ би опфаќала емотивно-оптоварени разговори во врска со личните сеќавања на луѓето. Иако АИ систем може да биде во состојба да препознае ограничен спектар на емоции во нечиј речник, интонација, паузи, или изрази на лицето, никогаш нема да биде во можност да се совпадне со соодветен човечки одговор. Би можел да каже „Жал ми е што си тажен за тоа“, или „Што убава работа се случи!“ Но, која било фраза би била буквално без значење. Избезумен човек би можел да биде „утешен“ со такви зборови, но по која цена на неговото човечко достоинство?

Но, можеби тоа е пуста желба. На крајот, иднината на АИ - нашите АИ иднина - е светла. Но, колку станува посветла, толку повеќе сенки ќе фрла.

(Авторот е професор по когнитивни науки на Универзитетот во Сасекс, Велика Британија, и автор на „АИ: Нејзината природа и иднината“.

Пишува за „Проект синдикејт“. „Утрински весник“ е дел од мрежата на „Проект синдикејт“)

Статијата е прочитана  пати.


Испрати коментар

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
11°СкопјеВреме
Ведро
Пон13
Вто18
Сре21
Чет22
Пет23
Саб24
Нед23
Пон18
Вто20
Сре20
НајчитаниНајкоментирани

ЕУ: Посилна, поединствена, посолидарна
Грчките фирми ги исплаќаат вработените со бонови
Владите имаат обврска да обезбедат интеграција на Ромите
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ