www.utrinski.com.mk
23 април 2017 12:03
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
21.04.2017, 17:03

Џорџ Сорос следната недела во посета на седиштето на ЕУ

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, неговиот заменик Франс Тимерманс, како и еврокомесарите Вера Јурова и Јурки Катаинен, следниот четврток и петок во Брисел ќе имаат средби со основачот на фондациите „Отворено општество“, Џорџ Сорос.

Портпаролката на Европската комисија, Мина Андреева, потврдувајќи ја посетата на Европската комисија на човекот против чие дејствување се борат властите во неколку земји членки на ЕУ, но и држави кандидати за членство, како Македонија и Србија, истакна дека Брисел е фокусиран на случувањата во Унгарија и затоа ќе разговара и со Џорџ Сорос.

„Тие ќе дискутираат за политичкиот развој на настаните во Унгарија. Свесни сте дека Комисијата дискутираше за правните прашања поврзани со Унгарија на 12 април, а што покрива голем број на прашања, па тие ќе имаат можност да дискутираат за ова. Во објавениот календар на комисиските активности за следната недела, ќе видите и дека првиот потпретседател Тимерманс, потпретседателот Катаинен и комесарката Јурова, исто така ќе се сретнат со Џорџ Сорос. Потоа, ние ќе имаме уште состаноци поврзани со Унгарија, како дел од политичкиот дијалог што објавивме дека ќе го имаме за покривање на сите прашања во однос со Унгарија“, истакна Андреева.

Запрашана зошто Еврокомисијата го прима Сорос, кога неколку земји членки на Унијата, како и држави од соседството имаат проблем со активностите на американскиот милијардер со унгарско потекло, портпаролката на ЕК посочи дека фокусот е на Унгарија и случувањата во оваа држава, каде што со новиот закон за високо образование има можност од затворање на Соросовиот Централноевропски универзитет (ЦЕУ), а и со ограничувањето на правата на невладините организации е опфатено и „Отвореното општество“ на Сорос.(Н.Р.)

Статијата е прочитана 810 пати.


Испрати коментар
(ФОТО) Принцезата од Тајланд во посета на Македонија
Протест во Париз пред првиот круг од изборите
Миноски - Нови 72 милиони евра за малите и средните бизниси
ЕЛЕМ нема да бара поскапување на струјата
Референдум во Гевгелија за рудниците за злато
Франција на претседателски избори од кои зависи иднината на ЕУ
Комисии ќе ги испитуваат штетите кај овошните и лозовите насади
Вонредна владина седница за штетите од ниските температури
Македонија дел од одбележувањето на Светски ден на планетата Земја
СДСМ - Трајановски веднаш да го смени директорот на Водовод
Повредени двајца полицајци при претрес на осомничен нарко дилер
Тодоров - Вакцините се безбедни, родителите да не го одложуваат вакцинирањето
Пациенти во поликлиниката „Ѓорче Петров“ нападнале полицаец
Брисел препорачува реформи и соработка во Западен Балкан, наместо опасни изјави
СДСМ - Спречувањето на мирен трансфер на власта значи блокада на државниот систем
ВМРО-ДПМНЕ - Нема да се реализира тиранската платформа затоа што граѓаните ја осудуваат
ММФ и Светска банка - Македонската економија е стабилна и покрај политичката криза
Прва средба на Трамп и Гутереш во „добра дискусија“
Дванаесет лица загинаа во насилства и грабежи во Каракас, 1.500 уапсени од почетокот на протестите
Најмалку 140 авганистански војници убиени во напад на талибанците
Јужна Африка - Во сообраќајна несреќа загинаа 20 деца
„За заедничка Македонија“ бара избори за излез од кризата
Собранието во понеделник ќе ја продолжи конститутивната седница
Дипломатите бараат да запре незаконското пополнување на амбасадите
Кукан гледа сериозна политичка криза во Македонија
И Тиквешијата е против отворање рудници под Кожуф
(ФОТО) Оган проголта три бараки на „Партизански одреди“ во Скопје
По булеварите ќе „никнат“ 4.000 заштитни столпчиња
Новиот Луна-парк ќе биде отворен наредното лето
Крадци на акумулатори нападнале полицаец во Прилеп
Ограбен манастирот „Света Богородива Балаклија“ во Делчево
Нигерија - Електричен кабел усмрти 30 навивачи на Манчестер јунајтед
Горат бараките карши Педагошка
Ученик нападнал наставник во училиште во Гостиварско
Французин со полициско досие го извршил нападот во Париз
„Џудишал воч“ со тужба на Стејт департментот бара одговори за тоа како се трошеле парите во Македонија
ВМРО-ДПМНЕ - Заев не смее да осуди ниту една антидржавна изјава
СДСМ - Со блокадата на Парламентот се загрозуваат државните интереси
Вашингтон се подготвува за формално обвинение и апсење на Џулијан Асанж
Ахмадинеџад дисквалификуван од претседателската трка
Уапсен бомбашот од Дортмунд
Инвеститорот тврди дека рудникот во Казандол нема да ја загрози животната средина
Студено утро со негативни температури, снег во Маврово и Крушево
Албанската опозиција најави радикализација на протестите
Продолжува конститутивната седница на Собранието
Трамп се премисли и за ЕУ, сега ја сака силна

Електронско издание

Денот низ фотографии

Најнови вести
15°СкопјеВреме
Облачно
Нед16
Пон17
Вто21
Сре23
Чет23
Пет24
Саб20
Нед17
Пон17
Вто18
НајчитаниНајкоментирани

Конфронтации во Келн: Жестоки протести против АФД
Македонија на чекор до неславниот рекорд на Холандија
Германија не е виновна што извезува толку многу
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ