www.utrinski.com.mk
30 април 2017 13:06
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
19.04.2017, 20:21

Пелистер против Шкендија во финалето на фудбалскиот Куп на Македонија

Екипите на битолски Пелистер и тетовска Шкендија обезбедија пласман во финалето во фудбалскиот Куп на Македонија.

Фудбалерите на Пелистер забележаа победа со 1:0 против Брегалница во реванш полуфиналниот меч кој попладнево се одигра на стадионот „Тумбе кафе“ во Битола.

Откако првата средба одиграна во Штип заврши нерешено 2:2, благодарение на погодокот на Бразилецот, Лукас Фереира Кардосо во 80-минута Пелистер со вкупен резултат 3:2 се пласира во финалето.

За битолчани ова е прв финален меч по пауза од 16 години, откако во 2001-та во финалето ја совладаа Слога Југомагнат со 2:1.

Тетовска Шкендија ќе има можност да го брани трофејот освоен минатата година, откако во полуфиналето го елиминира Вардар. Иако на денешниот реванш дуел Вардар со голот на Дарко Велковски во 60. минута победи со 1:0, сепак тоа не беше доволно да се анулира негативата од првата средба во Скопје каде тетовци победија со 3:1.

Инаку овој меч го одбележа и подолгиот прекин во првото полувреме, откако судијата Ставрев оправдано им покажа црвени картони на капитените на двете екипи Грнчаров и Хасани, по што дојде до поголема мешаница на теренот, но и обид на дел од навивачите на домаќините да влезат на теренот, по што гостите од Скопје се повлекоа во соблекувалните. Сепак во продолжението мечот мина без инциденти.

Финалниот натпревар на Купот на Македонија, Пелистер и Шкендија ќе го играат на 17 мај.

Статијата е прочитана 414 пати.


Испрати коментар
Вардар се пласира на „фајнал-форот" во Лигата на шампионите
ФИФА потврди - Видео-технологијата ќе се користи на Мундијалот во Русија
Наградниот фонд за „Ролан Гарос“ зголемен на 36 милиони евра
НБА плеј-оф - Хјустон ја елиминира Оклахома, трети победи за Сан Антонио и Јута
Челзи се приближува кон трофејот
Шкендија шест натпревари домаќин без публика
Финале за ЖРК Вардар во регионалната лига
Шарапова доби специјална покана за Ролан Гарос
Гонзалез - Подготвени сме за пласман на фајнал фор
Голден Стејт избори конференциско полуфинале
Штербик во тимот на колото, Дибиров со најубав гол
Бостон и Јута изедначија, Кливленд прв четвртфиналист во НБА плеј-офот
Меси донесе победа за Барселона на „Ел Класико“ во Мадрид
Вардар го порази Шкупи во Чаир
Надал до 10.титула во Монте Карло
Мемфис по продолжение го совлада Сан Антонио
Челзи прв финалист во ФА купот
МЗТ поразен од Работнички во Супер лигата
Работнички и Македонија ЃП одиграа нерешено
Вардар го совлада Флензбург
Вестбрук ја донесе првата плеј оф победа сезонава за Оклахома
Гофан преку Ѓоковиќ до полуфиналето во Монте Карло
Крај на сезоната за Ибрахимовиќ
Македонија во група со Србија и Шведска за квалификациите за ЕП 2018
Поранешниот англиски репрезентативец Ехиогу почина на тренинг
Лига Европа - Јунајтед ја доби Селта, Ајакс против Олимпик Лион
Реал против Атлетико, Монако со Јувентус во полуфиналето на ЛШ
Мурињо - Повредата на Ибрахимовиќ изгледа сериозно
Леброн го предводеше Кливленд до најголемиот пресврт во историјата на НБА плеј-офот
Јунајтед и Ајакс по продолженија, Лион на пенали до полуфиналето во ЛЕ
Гонзалез ги врати во репрезентацијата Ристовски, Јоновски и Прибак
Ниту 51 поен на Вестбрук не беа доволни Оклахома да го избегне поразот од Хјустон
Вардар првпат во ТОП 3 во рангирањето на ЕХФ
Јувентус и Монако полуфиналисти
Капитенска вербална, па физичка пресметка го прекина мечот Шкендија – Вардар
Самсоненко - Ако има судиска неправда ќе се повлечам
Гонзалес - Одиме на победа уште на првиот дуел со Флензбург
Инцидент во Мадрид - Полицијата отстранила тројца фудбалери на Баерн од соблекувалната на судијата
Роналдо стигна до 100 гола во Лигата на шампионите
Чикаго поведе со 2-0 против Бостон
Анчелоти го впери прстот во судиите

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
11°СкопјеВреме
Облачно
Нед17
Пон20
Вто25
Сре25
Чет22
Пет21
Саб23
Нед25
Пон25
Вто23
НајчитаниНајкоментирани

Луначек: Курц ги дискредитира Австрија и ЕУ со поддршката за Груевски
ЕУ единствена околу преговорите за разводот од Лондон
Даночната реформа на Трамп е осудена на неуспех
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ