www.utrinski.com.mk
22 февруари 2017 16:17
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
13.02.2017, 17:43

Невестинска модна вечер - Радоста на невестинскиот избор

Петтата модна ноќ за невестите се одржа во неделата, на 12 февруари, во хотелот „Мериот“, под мотото „Real vebue for real brides“

Невестинската модна вечер, или „The Bridal Fashion Night“ по петтото издание веќе стана традиционален настан во Скопје, пред Денот на вљубените, Свети Валентин. Разбирливо, најзаинтересирана публика се идните невести, но и оние што своите гламурозни амбиции ги искажуваат токму на свадбени свечености.

Петтата модна ноќ за невестите се одржа во неделата, на 12 февруари, под мотото „Real vebue for real brides“, беше отворена со ревијата на салонот за венчаници „Зиане“ со креација којашто ја носеше ТВ-водителката Милена Антовска.

„Инспирацијата за колекцијата ја добив замислувајќи ги идните невести како од спортската дневна линија на облекување се трансформираат во гламурозни убавици за нивниот специјален најубав ден во животот“, објасни дизајнерката Зиане Бакиу.

Веднаш потоа, Наташа Карчева од ателјето „Ал Апарел“ ги прикажа креациите од „Timeless beauty“ за кои вели дека „акцентот е ставен на женската силуета која суптилно се наѕира во прозрачните материјали: француската свила, најмекиот тул, богато везени тантели и цврсти брокати надополнети со многу рачно изработени детали. Цветните принтови и 3Д-форми, пак ги надополнуваат лелеавите здолништа“.

„Elizabet design studio“ инспирирано од животната енергија симболично ја нарече новата колекција „ВИГОР“. Автентичен авангарден израз за невести кои имаат личен стил, храбри да се вклопат во современиот стил на живеење, каде што покрај естетиката важен е и комфорот. Изборот на материјали е внимателно селектиран и придонесува оваа година венчаниците да бидат во винтиџ-стил, кој сепак прифаќа и модерен израз.

На годинешниот „The Bridal Fashion Night“ зема учество и ателјето „VloraиKaltrina“ како и косовската модна куќа „Менакон“, која ја претстави гламурозната колекција наречена „BROF“ со раскошни венчаници низ кои се прелева палета од бои и луксузни материјали.

Вечерта во организација на Моден викенд Скопје ја затвори ревијата на дизајнерката Јасмина Дракул.

„Инспирацијата за колекцијата ја црпев од моќта и уникатноста на гламурозните венчаници и тоалети на кралските семејства, поврзана со лежерниот романтизам, со цел да се долови тој гламурозен изглед на нашите простори по кој многумина мечтаат. Моите креации ја претставуваат жената која е нежна а моќна, вистинска кралица на својот посебен ден“, вели Дракул.

За несекојдневната цветна декорација на просторот се погрижи Јагода Пачемска од арт-студиото за цвеќе „Фа-Бу“ и „Casamento“.

Тие го декорираа просторот во хотелот „Мериот“, каде што се одржа Невестинската модна вечер. (Ј.П.)

Статијата е прочитана 1255 пати.


Испрати коментар
Што прават
Се' е рокенрол
Св. Трифун и Св. Валентин - Празнување во чест на виното и љубовта
Вкусен агол - Греано (варено) вино
Вкусен агол - Чоколадна кремпита
„Кодиак скаут“
(ФОТО) Греми - Џенифер Лопез, Адел и Ријана – вистински диви на црвениот тепих
Мјузиклот „Ла Ла Ленд“ освои пет БАФТА награди

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
16°СкопјеВреме
Претежно облачно
Сре12
Чет13
Пет13
Саб8
Нед11
Пон13
Вто14
Сре13
Чет13
Пет12
НајчитаниНајкоментирани
Јанева за ДВ: Доста е, време е јавноста да знае што се случува!
Популизам: анализа на еден феномен
Нема бесплатно полнење на мобилните апарати
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ